По неколкугодишниот судски процес, Apple конечно излезе како победник во судскиот спор против Samsung за патентот на „slide-to-unlock“ технологијата, и ќе добие оштета од 120 милиони долари.
Врховниот суд реши дека нема да ја прифати жалбата за кршење на патентот, која беше доставена уште во 2014 година. Жалбата се „влечкаше“ по судовите во последните неколку години, но денеска конечно беше одбиена.
Случајот се однесува на познатиот патент на отклучување „slide-to-unlock“, како и на патентот за брзи линкови, во кој е вклучен софтверот за автоматско претворање на информации како што се телефонски броеви во линкови. Судот потврди дека Samsung ги прекршил двата патенти, одлуката е поништена скоро две години подоцна, а потоа повторно беше донесена една година подоцна.
Samsung, секако, не се задоволни од исходот од овој случај.
„Нашите аргументи се издржани и сметаме дека треба да се донесат закони кои ќе го поттикнуваат иноваторството и ќе го спречат злоупотребувањето на системот за патенти“, соопштија од Samsung.
Компанијата тврди дека оваа судска пресуда им дозволила на Apple неправедно да профитираат.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли