Се проценува дека во иднина се почесто времето ќе го поминуваме со виртуелната реалност, технологија чија што популарност забрзано расте на пазарот.
Додека играњето и движењето низ виртуелниот свет е едноставно благодарение на контролерите чувствителни на движење, еден од актуелните проблеми со технологијата за виртуелна реалност е работењето на виртуелна тастатура.
Се чини дека решение за овој проблем има Logitech – во соработка со екипата која што ги разви Vive очилата за виртуелна реалност на HTC, претстави комплет за програмери наречен Bridge кој што ќе овозможи типкање, односно пишување на текст во виртуелно опкружување.
Овој комплет се состои од Logitech G тастатурата за гејмери и посебен уред Vive кој што се инсталира на тастатурата и го следи движењето на рацете над тастатурата. Сето тоа е поврзано со VR очилата на HTC преку кои што корисниците можат да видат приказ на 3Д модел на тастатурата и положбата на своите раце над неа. Ова овозможува едноставно и брзо пишување на тастатурата, слично како што е во реалниот свет.
Оваа виртуелна тастатура носи бројни можности за прилагодување, па може да се менува бојата, фонтот, посебно да се означат и прилагодат само копчињата кои што ви се потребни за одредени игри и апликации и слично.
За почеток, од Logitech подготвија 50 вакви комплети наменети за програмерите, а од компанијата порачаа дека доколку интересот биде голем, ќе биде произведен поголем број на комплети.
Извор: Zimo.hr