Како да го заштитите лаптопот од сајбер шпиунажа?

Производителот на телефони OnePlus неодамна јавно призна дека ги шпиунира своите корисници.

Токму од тие причини, деновиве стана популарен твитот на еден познат програмер и успешен основач на стартап акцелератор, Крис Олсон, во кој тој советува како да го заштитите вашиот лаптоп од сајбер шпиунажа.

  • Покријте ја камерата на лаптопот со селотејп или налепница кога не ја користите
  • Покријте го микрофонот на лаптопот со селотејп или налепница кога не го користите
  • Користете VPN!

Познато е дека разни организации и поединци имаат алати и софтвери со кои се во можностс да ве прислушуваат што правите, искористувајќи ги Google Now, Google Assistant, Siri, Cortana и други гласовни или помалку интелигентни сервиси и е-асистенти и на тој начин собираат податоци за вас и луѓето во вашето опкружување.

Колку сте вие внимателни на интернет и дали знаете да се заштитите од кражба на податоци? Проверете ТУКА.

Извор: Кајгана

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × four =