Компанијата Ford соопшти дека ќе повлече 1,3 милион автомобили од моделот Focus во САД поради проблеми во системот за гориво, кој може да доведе до задушување на моторот без предупредување.

Од компанијата соопштиле дека ќе бидат повлечени автомобили произведени од 2012 година, со дволитарски мотори и четири цилиндри. Од Ford рекле дека вентилот може да остане отворен предизвикувајќи вакуум, а софтверот за контрола на моторот може да не го препознае проблемот.

Прекумерниот вакуум може да доведе до задушување на моторот и деформација на резервоарот за гориво.

До повлекувањето дојде кога Националната управа за безбедност во сообраќајот му ги претстави на Ford жалбите од сопствениците на автомобилите.