Сепак писмото немало сериозен тон, а тоа што еден од творците на американската Декларација за независност остана запаметен во историјата, е по летното сметање на времето, кое иако без топовско распалување, ритамот на животот почна да лета и да се менува.
Еден век подоцна, иницијативата за поместување на стрелките станала почеста. Етномологот од Нов Зеланд, и астроном Џорџ Вернон Хадсон предложил да тие се поместат дури два часа нанапред. Причините за неговиот предлог биле од лична природа. Му била потребна Сончева светлина за да може после пладне да собира инсекти.
За рано станување се залагал и Британецот Вилијам Вилит (1856-1915) градител и љубител на голф и уживање во природата.
„Едно летно утро во 1905 година, додека уживал во утринското јавање пред доручек, сфатил дека многу малку луѓе уживаат во, како што се сметало, најубавиот дел од летниот ден, и таа добил идеја да ги помести стрелките на часовникот нанапред и овозможил на сите да уживаат во сјајните и прекрасни утра. Освен тоа, вечерните прошетки (и останатите работи) би се вршеле стандардно“, се наведува во текстот.
Година дена по неговата смрт, среде Првата светска војна, неговата идеја е реализирана.
Главната причина била заштеда на енергетските ресурси, за да може да се користат за потребите на војувањето.
Во Европа тој потег прв го повлече Германија на 30 април, а месец дена подоцна, Велика Британија и многу други земји. Наредната 1917 година, и Русија ги помести стрелките, а САД во 1918.
Фармерксото лоби набрзо по војната издејствува да се укине летното сметање на времето во САД, а претседателот Вудро Вилсон порача дека земјата по „војната“ повторно ќе се врати на „божјото време“.
Втората светска војна го „забрза“ времето и во САД, по 40 дена од бомбардирањето на Перл Харбор, Американците го воведоа целогодишното летно време. А потоа настана хаос затоа што секоја локална самоуправа самостојно одлучувала по тоа прашање.
Еден од најголемите куриозитети во историјата на летното сметање на времето претставува Ајова, каде во педесетите и шеесетите години, постоеле дури 23 различни начини на преминување на летно, односно зимно сметање на времето.
Ништо подобро не било ни во Вирџинија, каде патниците на една автобуска линија, седум пати морале да ги поместуваат стрелките на часовникот, ако сакале да го знаат точното време.
Во Русија, после војната, не заживеале промените, се до 1981 година. Тој обичај, сепак, траел само 30 години, затоа што во 2011 година, Русија престанала да го користи сезонското време.
Во Западна Европа во седумдесетите години, станало вообичаено да се преминува на летното сметање на времето, а во 1996 година, се проширило на целата Европска Унија, која во 2002 година, воведе и прецизна процедура.
Neka istraživanja pokazuju da 20% populacije pati od zdravstvenih problema zbog pomeranja sata.
Meni ne smeta a vama ?
Dobro jutro drugari pic.twitter.com/XoE2LldKn3
— Dusan Milisavljevic (@DusanORLDusan) October 29, 2017
Стрелките во Србија на почетокот се поместувале на крајот на март, а на старо се враќале во септември. За да се усогласат своето законодавство по прописите на Унијата, и србите почнале последната недела на октомври да го враќаат таканареченото зимско сметање на времето, па така денес ќе отспиеме еден час повеќе.