Стручњаците од компанијата Parse/Error дизајнираа „политичка ламба“ која создава олуја и светка секој пат кога ќе твитне американскиот претседател Доналд Трамп.
На овој начин се материјализираат политичките настани од оваа социјална мрежа во реално време, а уметникот вели дека го избрал токму претседателот Трамп поради тоа што тој е “најдобар симбол за опасното време во кое живееме и за светот во кој зборовите на само еден човек можат да го загрозат животот на милиони луѓе”.
Секој од твитовите на Доналд Трамп во рамки на ламбата формираат олујни облаци, кои се проследени со електрично празнење и “мека” светлина.
Со тоа, корисниците во било кој момент, дури и кога спијат, “можат да бидат вознемирени од зборовите на еден човек”, вели дизајнерот.