Пред 35 милиони години астероид со пречник од 7 километри паднал на северот на Сибир. Зад себе оставил дупка со пречник од 100 километри и неочекуван подарок. Најголемите резерви на супер тврди дијаманти на светот.
СССР знаел за ова уште во 1960 година, а светот од пред неколку дена.
Долината има дијаметар од 100 километри и се наоѓа на границата на југоисток од полуостровот Тајмир. Експедиција на Советскиот геолошки институт под раководство на Викторија Масајтис на средината на 1960 години дошла до заклучок дека долината всушност претставува метеорски кратер.
Подоцна научниците утврдиле дека кратерот настанал пред околу 35 милиони години кога на ова подрачје паднал астероид со пречник од 7 километри.
На местото на падот на метеоритот експедицијата открила импактни слоеви на минерали што се растопиле за време на ударот, а меѓу нив има и прилично убави дијаманти.
Кога се утврдило дека се пронајдени дијаманти што може да се користат само за технолошки цели, одлучено е наоѓалиштето да не се индустријализира.
Засега на местото се истражени две наоѓалишта. Резервите од првото се проценуваат на 7 милијарди карати, а на второто достигнуваат и до 140 милијарди карати.
Тие се 30 пати поголеми од сите резерви на обични дијаманти во целиот свет, чија вредност се проценува дека изнесува на 5 милијарди карати.
Со оглед на сегашната потрошувачка на синтетички дијаманти во индустријата, вкупните резерви на кратерот би можеле да бидат доволни за наредните 3.000 години“, изјави академикот.
Според негова процена, пазарната цена може да изнесува од 2 до 2,5 долара за карат, а имајќи ја предвид и постојната технологија, цената би чинела од 0,6 до 0,7 долари за карат.
Извор: Репортер.мк
Поврзани артикли