Експерти од Контролниот центар за вселенски мисии изведоа маневар со кој ја зголемија просечната висина на орбитата на Меѓународната вселенска станица, соопштија денес од Контролниот центар.

„Во операцијата беа вклучени машини од товарниот брод МС-06, кои работеа 177 секунди, односно околу три минути“, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.

Со овој маневар, висината на вселенската станица е зголемена за 600 метри и сега таа се наоѓа на 404,2 километри над Земјата.

Целта е да се создадат балистички услови за слетување на вселенскиот брод со посада „Сојуз МС-04“, кој е планиран за лансирање на 3 септември, како и за „Сојуз МС-06“, кој е предвиден за 13 септември.

Првобитно корекцијата на висината на орбитата беше планирана за 25 август, но е поместена за 27 август поради оптимални балистички услови за маневар, напоменува руската агенција.