Артефакт пронајден во потонат брод во море во Португалија претставува најстар познат пример за навигациски инструмент.
Поморски археолози тврдат дека станува збор за астролаб, инструмент кој морнарите некогаш го користеле за мерење на вистината на сонцето за време на нивните патувања.
Се верува дека овој инструмент датира од периодот меѓу 1495 и 1500 година.
Астролабот бил пронајден во португалски истражувачки брод кој потонал во невреме во индискиот океан 1503 година.
Бродот се викал Есмералда и бил дел од тимот кој го предводел Васко Де Гама, првата личност која пловела директно од Европа кон Индија.
„Голема привилегија е да се пронајде нешто вака ретко, нешто историски важно, нешто што ќе го проучуваат археолозите“, изјавил Дејвид Меарнс, лидер на тимот кој го пронајдел овој астролаб.
Бронзениот диск има пречник од 17.5 милиметри, а е потенок од 2 милиметри.
Астролабите се навистина ретки, а ова е вкупно 108 кој е пронајден.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли