Скапите смартфони кои се продаваат под името на познат автомобилски бренд не се ништо ново, а сега и „Porsche“ има свој адут на пазарот.
Германската компанија порано продаваше смартфони базирани на Huawei Mate 9, а сега, на пазарот стигнува новиот Mate 10, уред кој претставува комбинација од софистицирана естетика и високи перформанси, баш како што е случајот и со автомобилите на Porsche.
Маската е направена од стакло и е достапна ексклузивно во дијамантска црна боја. Заоблениот 3Д дизајн вклучува и FullView екран кој буквално нема рабови, и е отпорен на валкање.
Mate 10 поседува 6 GB РАМ меморија, 256 GB внатрешна меморија, самоподесувачка Leica камера од 12 и 20 мегапиксели, која ви овозможува да правите професионални фотографии. Тука е и EasyTalk технологијата, која автоматски го појачува звукот на телефонските повици, што е особено корисно доколку се наоѓате во бучна просторија.
Porsche Design Huawei Mate 10 ќе почне со продажба кон крајот на оваа година и ќе чини околу 1.400 евра.
Извор: Klix.ba