Европските метрополи постојано бараат начин да го намалат загадувањето на воздухот и сообраќајниот метеж.
Лондон наплаќа за влез на автомобилите во централното градско подрачје, а Хамбург работи на тоа сосема да ги отстрани автомобилите до 2030 година.
Но, Милано смисли поинаков начин да ги натера граѓаните да не возат автомобили во центарот на градот, им овозможи да користат јавен превоз бесплатно.
Мотото на кампањата е „Park Your Car and Go Public!” Во автомобилите се вградува систем кој дава податок колку често тој се користи. Ако автомобилот е паркиран од 7.30 до 19.30 часот, тогаш сопственикот добива парична награда.
Не е во прашање голема сума, наградата изнесува 1.5 евро, колку што чини дневен билет за јавен превоз.