Најголем страв на американскиот милијардер, Бил Гејтс, е дека неговиот мозок ќе престане да работи.

Гејтс ова го кажа во новиот документарец на „Нетфликс“ во три дела, наречен „Во мозокот на Бил: Декодирање на Бил Гејтс“.

Во неодамна објавената најава за овој филм, чиј режисер и извршен продуцент е Дејвис Гугенхајм се обелоденува дека тематиката на истиот е да открие што се случува во главата на вториот најбогат човек во светот, која неговата сопруга Мелинда Гејтс ја нарекува „мултипроцесор“.

Мелинда вели дека Гејтс цвета во комплексни ситуации.

„Тој прави рамка во неговиот ум и тогаш започнува да ги сортира информациите. Ако нешто не се вклопува, навистина се фрустрира“, објаснува госпоѓа Гејтс.