Apple ќе достави околу 2-3 милиони телефони iPhone X пред да почне да се продава. Доколку е вистина, тоа значи дека нема да има голем број iPhone X на кој било поединечен пазар затоа што уште на почеток ќе почне да се продава во 57 земји и територии.
За фановит на Apple тоа значи дека ќе биде навистина тешки да се најде телефон за неколкуте дена колку што ќе треба за да се продадат телефоните. За инвеститорите тоа значи дека некои продажби кои вообичаено паѓаат во последнито квартал ќе продолжат со истиот тренд во 2018 година поради недостигот од производи.
iPhone ќе почне да се продава на 3 ноември и е најнапредниот и најскап iPhone по цена од 999 долари, а нарачките пред продажба почнуваат на 27 октомври. Последниот пат кога Apple ги објави бројките од нарачките за тогаш нивниот најнов телефон околу 4 милиони уреди беа нарачани само во првите 24 часа.
Извор: Business Insider
Поврзани артикли