После Nokia 8, претставен е и новиот модел Nokia 7 – паметен телефон кој што ќе се продава по цена од 400 долари, што значи дека ќе може да се купи за 50% помала цена во однос на претходниот модел.
Новата Nokia 7 има 5,2-инчен екран, Snapdragon 630 процесор и ќе биде достапен во две верзии: Една со 4 GB RAM меморија и 64 GB интерна меморија, а другата верзија ќе има 6 GB RAM меморија и 128 GB интерна меморија.
Ова е втора Nokia која што пристигнува со две камери и овозможува правење на фотографии со предната и задната камера истовремено, комбинирајќи ги во една фотографија. Задната камера има 16 мегапиксели, додека предната има 5 мегапиксели.
Како и другите најнови телефони на Нокиа, така и „седмицата“ не е произведена од Nokia, туку од компанијата “HMD Global” која што има лиценца за користење на името на некогаш најпопуларната компанија за телефони на светот.
“HMD Global” во текот на оваа година ја претстави својата прва линија на Nokia телефони со Андроид оперативен систем. Во февруари пристигнаа Нокиа 3, 5 и 6, сите беа опремени со Snapdragon 430 процесор и се продаваа по цена од околу 300 долари.
Неколку месеци подоцна, односно во август оваа година, беше претставен врвниот Nokia 8 кој што беше продаван по цена од нешто помалку од 700 долари. Nokia 7 е последниот модел во низата кои што беа пуштени во продажба оваа година.
Поврзани артикли