Во Домот на АРМ во Скопје вечерва ќе се одржи финалниот натпревар по роботика и автоматика Robomac 2017 на кој 26 екипи ќе гипретстават своите изработени креативни технички решенија.
Околу 70 учесници, студенти и средношколци, ќе се натпреваруваат во шест различни категории: Humanoid, Maze, Sumo, AI Football (Artificial Intelligence), Sphero и Line Follower. Станува збор за студенти од ФЕИТ, ФИНКИ, Машински факултет, Јахја Ќемал колеџот и Микросам академијата.
Организатори на осмото изание на Robomac се Македонската секција на Институтот на инженерите по електротехника и електроника (IEEE) и студентскиот Парламент на ФЕИТ, со поддршка на Факултетот за електротехника и информациски технологи и Униврзитетот „Св. Кирил и Методиј“.