Американецот Бил Берг го претвори неговиот Smart ForTwo од 2008 година во вистинска мала ракета. Не, навистина. Тој на овој мал автомобил му вгради млазен мотор од хеликоптер и сега има возило со 2.000 коњски сили.

За разлика од сите други модели кои се „експериментални“, овој екстремно брз Smart е сосем легален за возење на градските улици. Тој има функционални фарови, трепкачи, бришачи, па дури и фабричка клима.

Максималната брзина на Smart-от на Берг е 280 километри на час, што е многу повеќе од голем дел од луксузните градски автомобили. Но, тоа доаѓа со цена. Овој автомобил троши 57 литри гориво секои пет минути.

Бил Берг и претходно експериментираше со вакви екстремни надоградби на автомобили. Тој веќе го поседува и најбрзиот ATV на светот, како и најбрзиот автобус на светот.