Српскиот стартап UrbiGo разви проект на вертикална градина за одгледување на растенија којашто со помош на сензори ги испраќа потребните информации
до корисникот преку мобилна апликација, пишува Netokracija.
Ања Чарапиќ, Александар Варничиќ и Предраг Гајиќ се дел од тимот што ја создаде оваа паметна вертикална градина којашто им овозможува на корисниците
да одгледуваат растенија и зеленчук во текот на целата година во својот дом.
UrbiGo функционира на тој начин што преку сензорите за влага, температура и светлина, што се наоѓаат во вертикалниот панел, корисникот се поврзува преку
апликација, го следи напредокот на своите растенија во реално време и добива известувања кога на растенијата им е потребна одредена нега.
Апликацијата претставува и социјална мрежа за корисниците каде тие меѓусебно се поврзуваат, делат искуства, фотографии и приказни. Корисникот според
своите потреби го избира дизајнот и големината на својата UrbiGo градина и растенијата што сака да ги одгледува.
Поврзани артикли