Apple минатиот месец ги претстави новите iPhone уреди кои одлично изгледаат и се побрзи од сите досега, но постои голем проблем – многу се скапи.
Ако не ви се дава повеќе од 1.000 долари за мобилен телефон (колку што чини основниот iPhone модел), можеби сериозно би требало да размислите за купување на iPhone SE – еден од најдобрите телефони на Apple досега.
Business Insider наведува шест опции зошто да го направите ова:
1. Со цена од 350 долари за основниот модел, овој уред е исклучително достапен, а притоа и долготраен и доволно квалитетен да ги задоволи сите потреби на просечен корисник.
2. iPhone SE е изненадувачки силен. Во телефонот е вграден ист процесор кој го имаат и iPhone 6S и најновиот iPad – станува збор за моделот Apple A9, кој поддржува 4К видео снимање, игри со висока резолуција и уште многу работи.
3. Има одлична камера, иако не поседува оптички стабилизатор за слики и не бележи широк спектар на бои како новите iPhone уреди, што значи дека произведува фотографии со слаб квалитет при слабо светло, iPhone SE има поддршка за сите од 4К видеа од HDR фотографии.
4. Со екран со големина од 4 инчи, овој телефон е исклучително погоден за ракување. Иако во споредба со масивниот iPhone X делува немоќно, изгледот лаже.
5. Има 3,5 милиметарски влез за слушалки, за разлика од сите iPhone уреди претставени од 2016 до денес.
6. Има ист одличен оперативен систем како и останатите iPhone уреди и ист пристап до производите и сервисите на Apple.
Извор: B92.net