Паметните автобуски станици се поставени близу познатиот облакодер во Риека, а поради футуристичкиот изглед, веднаш беа забележани од јавноста во Риека.
Станува збор за пилот проект на градот Риека реализиран во соработка со Ericsson Nikola Tesla, Hrvatski Telekom, компаниите Smart RI и Autotrolej, како и со јавното претпријатие Rijeka Promet.
Паметните автобуски станици се опремени со апликацијата Connected Traffic Cloud, која корисниците на јавниот превоз ќе можат да ја преземат на нивните паметни мобилни телефони. Станиците нудат низа функционалности за поефикасно и попријатно користење на градскиот превоз.
Извор: Poslovni Dnevnik.hr
Поврзани артикли