Разгоговор со Елиот Адамс, автор, предавач и ментор на стартaпи од Силиконската Долина, кој во моментот престојува во Скопје. Тој е ментор на предакцелераторската програма на „Сеавус инкубаторот“ и работи со ИТ-стартапи за да им помогне да го развијат подобро својот производ и да обезбедат успешен настап на интернационалните пазари.

Елиот има огромно искуство во оваа област. Тој е диркетор на предакацелераторската програма на светски познатиот Тechstars во Сан Франциско, предавач на интернационалната бизнис-школа Hult, соработува со претприемачкиот центар Nasdaq и е автор на книгата The startup mixtape. Неговата книга се базира на 100 интервјуа направени со основачи и директори на компании и инвеститори, меѓу кои и 500 startups, Y combinator, Etsy, Facebook, Google, Product Hunt, Salesforce, итн.

Денес тој ќе ги презентира своите искуства и собраното знаење на отворен настан во „Сеавус инкубаторот“.