Потпретседателот Мајк Пенс објаснува дека бил потпишан извршен налог за враќање на Меѓународниот вселенски совет со него на чело.
„В четврток, советот ќе го одржи својот прв состанок после цели 25 години, а како лидер, ќе испратам едноставна порака: Америка повторно ќе води во вселената!“, изјави тој.
Пени исто така објасни дека на Америка очајни ѝ е потребна сопствена технологија во вселената, за да ги заштити своите системи за надзор, комуникација и навигација и обидите за хакирање.
Наводната цел е истражување. Сепак, Пенс верува дека започнувајќи од Месечината и воспоставувајќи цврсто присуство на најблискиот сосед на Земјата, како витална стратешка цел се примарни цели. Тој ветува дека патувањата нема да застанат таму. Според потпретседателот, Америка планира да биде првата земја што ќе испрати луѓе на Марс. Сепак, поттикот за проширување на истражувањето на вселената се чини исклучиво комерцијален, наместо истражувачки или научен.
„Во годините што доаѓаат, американската индустрија мора д абиде првата што ќе одржи постојано комерцијално човечко присуство на ниската орбита на Земјата, за да ја прошири сферата на економијата“, додава Пенс.
Во текот на следните неколку недели, администрацијата ќе формира Советодавна група на корисници составена од различни лидери во комерцијалната вселенска индустрија. Како што вели и самото име, во голема мера групата е наменета да ја опфати стурчноста на оние кои развиваат нов хардвер и технологија за да ги привлечат луѓето во вселената, без разлика дали е за учење или комерцијални цели.
„Бизнисот го води патот кон вселенската технологија, а ние имаме намера да ги искористиме иновациите за да ги решиме предизвиците со кои ќе се сретнеме“, додаде Пенс.
Потпретседателот не кажа детално кој ќе биде во групата, иако извршниот директор на „СпејсЕкс“, Илон Маск и основачот на „Блу Ориџин“, Џеф Безос, се неколку луѓе кои доаѓаат во предвид.