И Facebook ќе го отклучуваме со лице?

Социјалната мрежа, наводно, тестира сопствен систем кој ќе ни овозможи влез во заклучена корисничка сметка

Иако се присутни веќе некое време (Windows Hello). технологиите за препознавање на лицето сега се во центарот на вниманието благодарение на iPhone X. Се чини дека и во најголемата социјална мрежа фаќаат приклучок: наводно тестираат сопствен систем кој ќе ни овозможи влез во заклучена корисничка сметка.

Имено, неодамна се појави твит со снимка на екранот (скриншот) кој ја прикажува споменатата функција во акција. Од Facebook за Tech Crunch стигна потврда дека навистина работат на развој на технологија на препознавање на лицето и дека тестирањето е во тек.

Како што е веќе вообичаено, новата функција во текот на тестирањето е достапна само за ограничен број корисници. Засега е само помошнна алатка за враќање на контролата над корисничката сметка, во случај кога би го преземал хакер.

Тоа не значи дека од Facebook ќе исчезнат сегашните мерки на заштита како двостепенска проверка или пријатели кои можат да го потврдат вашиот идентитет. Новата функција ќе служи како уште еден начин на докажување дека вие сте навистина сопственик на профилот, пишува Tech Crunch.