Иако голем број од корисниците очекуваа iPhone 8 Plus да биде потенок од неговите претходници, смартфонот е најдебелиот iPhone досега. Всушност, iPhone 8 Plus е најголемиот и најтешкиот телефон на компанијата досега направен.
Со 202 грама, iPhone 8 Plus е првиот iPhone кој тежи повеќе од 200 грама. Тежината е најверојатно поголема поради стаклото на задната страна, бидејќи батеријата е помала од онаа на претходните модели.
Како за споредба, смартфонот е речиси тежок колку Nokia E90 Communicator (210 грама), кој беше претставен пред десетина години. iPhone 7 Plus тежи 188 грама, iPhone 6s Plus тежи 192 грама и iPhone 6 Plus, првиот 5.5 инчен iPhone, тежи 172 грама.
Извор: Benchmark.rs