Компанијата Samsung не е единствениот произведувач кој работи на склопливи или свитливи телефони – според новите информации, првиот вистински склоплив телефон ќе биде претставен од ZTE како модел со два екрани.
За разлика од Samsung Galaxy X кој веројатно ќе има флексибилен екран, се очекува ZTE Axon M да има 6,8-инчен екран кои ќе го сочинуваат предниот и задниот дел на уредот. Смартфонот кој наликува на моделот Kyocera Echo од 2011 и ќе биде опремен со два екрана на предната и задната страна со резолуција од 1920 x 1080 пиксели, кои при отворање ќе формираат поголем дисплеј со дијагонала 6,8-инчи и резолуција од 1920 x 2160 пиксели. Според информациите, гаџетот ќе има дебелина помала од 10 мм во затворена состојба, така што ќе остане релативно компактен.
Моделот ќе се расклопува со помош на централен прстен, со цел да се создаде еден екран со големина на таблет. Двата екрани, исто така ќе можат да покренат две различни апликации одеднаш.
За ZTE Axon M не се знае многу, освен дека се очекува да биде екслузивен за AT&T во САД по цена од 650 долари. Тој ќе содржи Snapdragon 820 или 821 чипсет, 4 GB RAM, 32 GB меморија и капацитет од 3120 mAh, што не звучи многу за два екрани.
Настанот е закажан за 17 октомври во Њујорк.
Поврзани артикли