Apple потврди дека постои проблем кај iPhone 8

Apple потврди дека iPhone 8 има проблем со квалитетот на звукот во слушалката, како и тоа дека компанијата работи на решавање на проблемот.

Моделот iPhone 8, овие денови го тестираат сите оние кои се занимаваат со технологија, но никој од нив не наведе дека телефонот има проблем со звукот во слушалката. Сепак, корисниците кои веќе го купија овој модел поднесоа масовни жалби до Apple, кој веќе призна дека постои овој проблем.

 Во соопштението за јавност наведоа дека овој проблем погодил само „ограничена мала серија на уреди”, како и дека „решението во вид на софтверска надградба е веќе во изработка”, известува познатиот сајт за технологија „The Verge”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five + 20 =