Дали треба да го оставате телефонот на полнач цела ноќ?

Батеријата на телефоните ни трае едвај до крајот на денот, а обично „откажува“ баш кога треба да се јавите некаде или ви стигнала важна нотификација.

Откако максимално ќе ги исцрпиме, ги оставаме телефоните да се полнат цела ноќ. Но, има добра причина зошто оставањето на телефонот на полнач цела ноќ ќе направи поголема штета отколку корист на батеријата.

Приклучувањето на телефонот во струја во текот на цела ноќ ја намалува долготрајната способност на батеријата брзо да се наполни.

Ако го полните телефонот ноќе тоа значи дека уредот е на полнач три до четири месеци годишно. Колку и да се поквалитетни батериите, тоа сепак го намалува капацитетот на батеријата со тек на време, вели Хатем Зејн, основач на компанијата за безжично полнење Ossia.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 + 11 =