Директорот на Sony India дивизијата, Kenichiro Hibi истакна дека Sony планира објава на следната генерација Xperia телефони, а корисниците можат да очекуваат целосно нов дизајн на новите уреди. Со други зборови, OmniBalance дизајнот што ги краси Xperia уредите од 2013 година, би можел конечно да биде отфрлен.
Хиби знае во кој правец се движи пазарот, а тоа се 18:9 телефоните со дизајн без рамки околу екранот (bezeless). Sony би можел наскоро да му се приклучи на овој дизајнерски тренд.
Компанијата прилично го запостави долниот сегмент на пазарот, а дури и Sony телефоните од средниот сегмент тежнеат кон премиум функциите. Со ваквата поставка, Sony не може да допушти да се задржи на застарениот дизајн, посебно во ситуација кога водечките производители успешно зачекорија на пазарот на телефони без рамки.
Хиби истакнува дека, иако пазарот на Индија е фокусиран на телефоните од долниот сегмент, Sony ќе ги удвои своите напори во понудата на модели од горниот и средниот сегмент.