Honor претходно овој месец ги претстави Play 4 и Play 4 Pro телефоните, а изгледа дека компанијата има во план наскоро да претстави уште еден член на Play 4 линијата, наречен Play 4e.

Постерот за Honor Play 4e се појави на кинеската социјална мрежа Weibo, а го открива дизајнот и некои спецификации на уредот.

Honor Play 4e има 6.39-инчен дисплеј, со punch-hole отвор за селфи камерата. На задната страна на телефонот се наоѓаат три камери, меѓу кои е 13MP главен сензор и уште два сензора за кои не е објавена резолуцијата и намената.

Смартфонот ќе користи Kirin 710A чипсет, со 4GB RAM и 128GB простор за складирање. Се очекува дека цената на овој модел ќе изнесува околу 140 долари, а не е познато дали ќе постојат дополнителни опции на меморија и складирање.

Play 4e ќе пристигне со 4000mAh батерија, но не е познато со која брзина ќе се полни.