Највисоката температура некогаш забележана на Земјата изнесувала неверојатни 2.370 степени Целзиусови. Тоа е нешто помалку од половина од температурата измерена на Сонцето, откриваат научниците.
Рекордната температура настанала после удар на астероид којшто формирал 28 километри широк кратер на површината на Канада, кадешто токму денес лежи езерото Мистастин.
Истражувачите од Универзитетот Куртин, од австралискиот град Перт и Вестерн Универзитетот од Лондон во Онтарио, своите откритија ги базираат на присутноста на кубичниот циркон, којшто во природата може да се создаде само при температури од 2.370 степени Целзиусови, или повисоки.
Австралиските и канадските научници пронашле и докази дека температурата во кратерот била доволно висока за цирконот да може да ја промени својата структура.
Тие претходно не ја разгледале и можноста дека пронајдениот циркон би можел да им послужи и како “термометар”.
Минералите при толку високи температури вообичаено испаруваат, поради што и откритието на кубичниот циркон пружил вистински увид во околностите на ударот на астероидот до коишто дошло пред цели 38 милиони години.
Поврзани артикли