„Потенцијално опасен“ астероид, малку поголем од Големата пирамида во Гиза, ќе мине покрај Земјата со брзина од 18 километри по секунда.

Огромен астероид наречен 2018 OU1 со пречник од 160 метри ќе мине покрај Земјата на 28 август, со брзина од 18 километри во секунда, пренесува Russia Today.

Од НАСА соопштија дека астероидот ќе биде 40 пати поблизок до Земјата од Венера, нашиот најблизок сосед, и ќе мине на оддалеченост од милион километри.

НАСА секое вселенско тело на оддалеченост помала од 7,5 милиони километри и со пречник поголем од 140 метри го смета за „потенцијален опасен“.