Русија и САД се договорија денеска за соработка во проектот на НАСА за изградба на прва лунарна вселенска станица, како дел од долгорочниот проект за истражување на вселената и испраѓање луѓе на Марс.
– Тие планираат да развијат меѓународни технички стандарди кои ќе се користат, особено за изградба на вселенска станица во лунарната орбита, соопшти Руската вселенска агенција по потпишувањето на договорот.
Рускиот претседател Владимир Путин минатата година изрази надеж дека руско-американската соработка во вселената ќе се развива и покрај проблемите кои ги имаат тие две држави на Земјата.