Apple според информациите наиде на нови производни проблеми, кои почетокот на производството на новиот iPhone X би можеле да го пролонгираат до средината на октомври. Вестите за новото одложување стигнуваат од инвеститотрски документ, кој сугерира дека производство се уште не е ни почнато, иако кон крајот на следниот месец почнува претпродажбата на телефонот.
Аналитичарот Кристофер Кејс разговараше со претставниците на компаниите од ланецот на снабдување во Азија. Откриенo е дека финалното производство на iPhone X се уште не е почнато, поради што производството најверојатно ќе почне кон средината на следниот месец, еден месец подоцна отколку што се очекуваше.
Преднарачките за iPhone X стартуваат на 27. октомври, додека телефонот би требало да се најде на пазарот од 3. ноември.