Неговото име е синоним за успешни научно-фантастични филмови. Но, иако Џорџ Лукас, креаторот на „Војна на ѕвездите“, на единствениот негативец во светот на филмот Дарт Вејдер или џедајот Скајвокер и принцезата Леа се повлече од светот на филмот, тој сѐ уште не е истрошен лик кој треба да се испрати во пензија.Тој сѐ уште го живее својот сон и сѐ уште има што да му подари на светот како оставина на неговиот минат филмски труд. Тој проект кој веќе е во фаза на реализација се вика „Музејот на Лукас за наративни уметности“ и истиот ќе се состои од сите историски предмети кои биле дел од светот на креирање на „Војна на ѕвездите“, а ќе се наоѓа во Лос Анџелес.
Лукас првично објави дека музејот ќе биде изграден во Сан Франциско, но набргу се предомисли па целиот проект предвиди да го гради во убав дел на Чикаго со опција за музејска испостава и во Лос Анџелес. Четири години преговараше со градските власти на Сан Франциско за на крајот сепак да се префрли во Чикаго.Но, развојот на околностите не му беше во полза. Музејот беше предвидено да се гради на локацијата „Криси филд“ и истиот беше проценет на вредност од една милијарда долари!
Во договор со властите на Чикаго на чело со градоначалникот Рам Емануел, донесена е одлука да му се додели локација покрај езерото Мичиген што целата област на Чикаго ќе ја претвори во атрактивна зона. Градските власти биле толку расположени за проектот што целото земјиште му го изнајмиле за само долар годишно!
Но, не одело сѐ како подмачкано, па главниот весник „Чикаго трибјун“ се побунил на големината на објектот за градба сметајќи дека тој повеќе внимание му придава на Лукас отколку на музејот поради што морало да се намалат пропорциите на објектите. Друга важна страна поради која се критикувал проектот е еколошката, бидејќи постоел став дека големината на проектот ќе го уништи крајбрежјето на езерото. По неколку години натегање во кои случајот стигнал и пред тамошните судови, објектите пропорционално се намалени со цел секому да му се удоволи.
Архитектите од студиото МАД предводени од Ма Јансонг беа задолжени за изготвување на дизајнот за објектот во Чикаго додека студиото ВОА се ангажирани за објектите од музејот во Лос Анџелес. Студиото „Ганг архитектс“ беше задолжено за изготвување на проектот за околината на музејот. Но, и тука архитектите се соочиле со проблеми кога новинарите на „Чикаго трибјун“ пак нашле забелешки на висината на објектот. Во септември 2015, на Лукас му дошло преку глава по што одлучил целиот проект да го пресели во Лос Анџелес каде градските власти се полиберални и добро знаат дека ваков музеј ќе донесе многу посетители, многу профит за сопственикот, а со самото тоа и данок за градот. Затоа на 10 јануари годинава, Лукас почнал со преговори со властите на Лос Анџелес за изградба на музејот кој е вреден над една милијарда долари.
Музејот ќе се гради на локација близу Универзитетот на Јужна Калифорнија и според проценките ќе генерира заработка за Лос Анџелес во форма на даноци во висина од 43 милиони долари, како и креирање на илјадници работни места и урбанизирање на цела една зона која ќе стане градска одлика. Како што кажал и самиот Лукас, овој музеј ќе гради урбани митови и приказни кои ќе го дефинираат интересот за посета на музејот.
Од градежен аспект, музејот на Лукас ќе се состои од овален објект со пет ката на површина од околу 300.000 м2 и ќе има голема градина и јавен парк. Музејот ќе вклучува и театри, кино сали, предавални и образовни зони, јавна библиотека за истражување и комерцијални објекти од типот на ресторани, кафулиња и продавница за подароци од култните филмови. Градот со задоволство три раце бидејќи најновата вредност на проектот е 1.5 милијарди долари и дека конечно е дом на еден од клучните инвестиции на Лукас за кој бил во потрага цели 8 години. Според последните проценки, освен отворањето на постојани работни места, за време на конструкцијата ќе бидат ангажирани над 6000 градежни работници. Според претседателот на Советот на градот, Карен Прајс, музејот на наративна уметност на Лукас е најдобриот приватен подарок што Лос Анџелес некогаш го добил.
Поврзани артикли