Instagram ја тестира можноста корисниците истовремено да ги обjавуваат своите објави и на оваа платформа и на Facebook.
Со оваа поблиска поврзаност на социјалните мрежи, се чини, Facebook сака популарноста на опцијата „Stories“ да ја префрли и на својата главна платформа.
Некои корисници ја забележаа веќе опцијата за објавите на инстаграм да се префрлат и на Facebook. Instagram ги потврди тие наводи, без натамошни подробности.
– Секогаш тестираме разни начини за помош, со кои би го подобриле впечатокот од Instagram, и коишто ќе Ви го олеснат споделувањето на секој момент со луѓето кои Ви значат, соопштуваат од Instagram.