Сега, кога Galaxy Note 8 почна да се испорачува до корисниците, време е телефонот да се најде на тестот на тортура на популарниот канал на YouTube, ЈerryRigEverything. Samsung Galaxy Note 8 беше подлегнат на традиционален тест на издрживост на гребнатинки, палење на екранот и свиткување.

За оние кои не сакаат да го гледаат видеото, еве кратка рекапитулација. Galaxy Note 8 на тестот се покажа прилично добро. Екранот е отпорен на гребнатини до нивото на кое и се очекува, а телефонот е невозможно да се свитка при нормални нивоа на сила која се применува.

Тестот на палење на екранот резултира со трајно оштетување по десетина секунди, додека сензорот за отисок на прсти може да се изгребе. Со оглед на тоа дека рамката на телефонот е од метал, тоа значи дека е можно да се иструга.