Претходно во текот на овој месец дознавме дека Samsung Galaxy Z Fold3 влегол во масовно производство, а сега новиот извештај сугерира дека почнало и масовното производство за  Galaxy Z Flip3 моделот.

Изворите на овие информации тврдат дека Samsung нарачал производство на 50.000 – 70.000 Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip3 уреди дневно, а дека комбинирано планира да произведе седум милиони од овие телефони и сака да биде подготвен навреме за нивната објава.

Samsung не објави ништо официјално за Galaxy Z Fold3 и Z Flip3 моделите, а гласините споменуваат дека јужнокорејската компанија ќе одржи презентација на 3. август, додека смартфоните ќе се најдат во продажба од 27. август.