IFA 2017 саемот не е само за мобилна технологија туку во Берлин може да се видат и апарати за домаќинство кои носат нови технолошки решенија. Откако Panasonic го покажа фрижидерт кој доаѓа на повик, Samsung ја претстави својата машина за перење алишта Quick Drive WW8800M, која нема да трча по вас додека пере, туку поседува технологија која ја подобрува главната задача за која е наменета – брзо и квалитетно перење алишта.
Машината ја содржи новата технологија на Samsung, QuickDrive, која и овозможува целиот сиклус на претперење, перење, цедење итн. да го заврши за само 39 минути. Машината доаѓа со апликација Q-rator, која меѓу другото нуди повеќе опции за перење како Laundry Planner, Laundry Recipe и HomeCard Wizard. Првите два начини ви овозможуваат да го изберете циклусот на перење, температурата и брзината на вртење, а на виртуелниот асистент за перење можете да му кажете какви алишта сакате да перете за да ви препорача соодветна програма. Опцијата HomeCare Wizard служи за перење на WW8800M со далечинско управување и ќе ве алармира ако има проблеми. Samsung на саемот не кажа која ќе биде цената на машината ни кога ќе биде достапна на пазарот.
Поврзани артикли