TAG Heuer објави неколку нови часовници во Женева, но најголемото внимание го привлече моделот Modular 45, кој има вградено дури 589 дијаманти низ целата површина на часовникот. Вредноста на овие дијаманти е 23.35 карати, а во деловите кои немаат вградено дијамант, имаат „само“ 18-каратно бело злато.

TAG Heuer Modular 45

Според оние кои го погледнале часовникот, се поставува прашањето дали навистина вреди да се дадат 200.000 долари за еден часовник, кога за тие пари би можеле да купите куќа во некое предградие во Америка, можеби Bentley автомобил или два автомобили Porsche Carrera, но и златно тениско топче.