Samsung изработува едни од најпопуларните Android телефони на светот, а во моментов компанијата е актуелна поради претставувањето на Galaxy S8 и S8 Plus.
Но, дали знаете што е оригиналното значење на името? На корејски зборот се преведува како „три ѕвезди“.
Името на брендот го одбрал основачот на компанијата Ли Бјунг Чул уште при формирањето, а желбата му била компанијата во иднина да стане моќна и да трае засекогаш, како ѕвездите на небото. Причината што се баш три ѕвезди е што во корејскиот јазик, број три се користи и како симбол што означува нешто моќно и големо.