Серијата Moto Z Force на Motorola е една од најиздржливите кога станува збор за екрани, кои просто кажано, не се кршат,а сега компанијата припрема нови дисплеи со уште поневеројатни способности.
Панелот на уредите од Moto Z Force серијата не се изградени од стакло, туку од пластичен полимер, благодарение на кој не се кршат. Се разбира, доколку не го чувате како што треба, уредот ќе претрпи неколку гребаници, но ако ви падне, екранот нема да се скрши.
Сега, Moto се подготвува да ја подобри ваквата технологија уште повеќе. Неодамна откриен патент, одобрен од Motorola, покажува нова технологија која сама ќе го поправи дисплејот на вашиот уред, доколку претрпи оштета. Телефонот ќе може да ја открие пукнатината на дисплејот и да го започне процесот на лекување. Откако корисникот ќе реши да го започне процесот, потребно е да го остави уредот на страна и да не го користи. Тогаш, група хардверски парчиња ќе започнат да го загреваат екранот. Под влијание на згломената температура, екранот ќе се обиде да ја врати својата оригинална форма.
Motorola признава дека “совршеното лекување” најверојатно не е возможно и дека после процесот, екранот ќе претрпи мала деформација. Сепак, ваквата технологија ја потврдува можноста за иднина без скршени екрани.
Поврзани артикли