Британскиот парламент во рамките на истрагата за заштита на приватни податоци на социјалната мрежа Facebook, заплени доверливи документи од мрежата, кои ги имаше авторот на некогашната апликација за пронаоѓање фотографии со бикини костими за капење.

Одборот на парламентот надлежен за дигиталната сфера ги бараше податоците пред утрешното сослушување за дезинформации и “лажни вести”.

Претседателот на одборот, Демијан Колинс, наведе на Twitter дека Одборот, кој ги бараше податоците во врска со Facebook, ги добил од компанијата Six4Three.

Според наводите на медиумите, одборот го искористил овластувањето со цел директорите на компанијата, кои биле на бизнис патување во Лондон, да ги примора да ги предадат документите.