Opera Max е објавена во февруари 2014. година, а им нудеше бесплатен VPN сервис на мобилните корисници што ги компресираше податоците пред да дојдат на уредите, што помагаше во намалувањето на количеството податоци што беа користени. За многу корисници, посебно за оние кои имаа лимитиран проток на податоци, ова беше многу корисен сервис, а дополнително е подобрен со можноста за блокирање на ad-тракери.

Opera претходно Max апликацијата ја опиша како „водечка апликација за управување со протокот на податоци на Android“, но сега е објавено дека апликацијата е изгасена. Opera истакна дека нема да има дополнителни надградби и ажурирања за Opera Max во иднина. Компанијата веќе ја отстрани Opera Max апликацијата од Google Play Store.

Самиот сервис, кој стои зад апликацијата, не е укинат веднаш; Opera изјави дека сервисот ќе остане недопрен за постоечките корисници во нодреден период, но нема индикации колку ова ќе трае. Корисниците на време ќе бидат известени за конечното гасење на сервисот.