Acer го објави својот најнов Chromebook лаптоп наменет за бизнис корисниците и едукативниот пазар. Acer Chromebook 11 C771 е првиот Chromebook на пазарот кој го покренува шестата генерација на Intel Core и Celeron процесори. Чиповите се сместени во отпорното куќиште, а лаптопот има батерија која со едно полнење нуди до 13 часа работа.
Acer Chromebook 11 C771 може да се конфигурира со Intel Core i5, Core i3 и Celeron процесори, како и до 4 GB RAM. Лаптопот имплементира воен стандард на издржливост и може да преживее пад од 1,2 метри.
Конективните опции на лаптопот вклучуваат USB 3.1 Type-C порт и два USB 3.0 приклучок. Тука е и еден HDMI порт, 3.5 мм приклучок, microSD читач на картички и dual-band 2х2 MIMO 802.11ac/a/b/g/n Wi-Fi.
Почетната цена за Celeron моделите изнесува 330 долари со тачскрин екран и 280 долари без екран осетлив на допир. Цените на Intel Core моделите ќе бидат накнадно објавени.