Јапонскиот дизајнер Кажухиро Јаманака креираше летачка ламба-дрон, комбинација на традиционално осветлување и дронови. Ламбата го следи движењето на корисникот во домот, канцеларијата и ги остветлува местата по потреба.

Таа доаѓа заедно со подлога што истовремено има функција на “терен за лансирање“ на предметот. Ламбата треба да се програмира пред користење, односно треба да го знае распоредот на просторот каде што ќе лета.

За да ги следи движењата на луѓето во уредот, кој што вклучува мал дрон и LED светилка, користи сензори.

Формата на ламбата-дрон може да варира, а подлогите не се потребни за нејзино “слетување“ од причина што самата “знае“ каде треба да застане