Хонконшката компанија „Ловенс“, која произведува дигитални секс-играчки, е обвинета дека преку интернет конекцијата прибира податоци за сексуалните навики на своите клиенти.

Компанијата ги снима „најинтимните и најчувствителните податоци на своите корисници“, што го користат вибраторот Lush, кој се управува преку bluetooth со помош на iPhone, се вели во обвинениието.

Тужбата ја поднела жена која претпочита да остане анонимна. Таа, тврди дека открила како преку апликација може да дознае што претходно се случувало со „играчката“.

Компанијата пак, тврди дека податоците што се собираат на серверите, се бришат за неколку дена.

Извор: B92.net