Американската војска на своите членови им испрати упатство во кое од нив бара да престанат да користат дронови кои ги произвела кинеската компанија SZ DJI Technology.
Упатството е пратено поради фактот дека дроновите што ги произведе наведената компанија наводно содржат одредени неименувани „сајбер ранливости“. Па така, на припадниците на американската војска повеќе не им е дозволено да користи DJI дронови, како ни соодветни DJI компоненти.
Потребно е да се деинсталира целиот DJI софтвер, да се отстранат батериите и уредите за складирање податоци, да се осигура целата опрема и да се чекаат натамошни упатства. Во истото упатство се наведува како дроновите на компанијата SZ DJI Technology се најчесто користени уреди од ваков тип во американската војска.
На упатставата на американската војска реагираше и самата компанија SZ DJI Technology која истакнува дека е „изненадена и разочарана“ со потегот на армијата на САД и дека притоа компанијата воопшто не е контактирана. Меѓутоа, компанијата има волја да контактира со Пентагон за да утврди што точно смета за „сајбер ранливост“ и дека сака да соработува на нивното исправање.
Поврзани артикли