За 3 месеци продадени 20 милиони Samsung Galaxy S8 модели

Samsung во период од три месеци успеа да испорача рекордни 20 милиони примероци од своите ударни смартфони Galaxy S8 и S8 Plus.

Strategy  Analytics  соопштува  дека  гигантот  ги  достигнал  овие  цифри  до  јули. Доставата на S8  телефоните на дневно ниво изнесуваше околу 278.800 единици, од 21 април, денот кога се појавија во продажа.  Тоа значи дека Samsung испорачал 19,8 милиони телефони во периодот од април до јуни.