Новиот дизајн на Skype можеби е извор за поголема поделба, но тоа не го спречува Microsoft да додава нови опции. Од денес, корисниците може да испраќаат пари преку PayPal директно низ разговорите.
Слична опција досега имаше и Facebook преку апликацијата Messenger. Изборот на Skype да стане партнер со PayPal се оценува како паметен потег бидејќи голем број луѓе веќе се претплатиле.
Со оглед на тоа дека голем дел од бизнисите го користат Skype во работата, како на пример при менторирање или одржување состаноци, сега ќе биде полесно да им се наплаќа на клиентите.
Засега, опцијата е достапна само на мобилните уреди во 22 држави. Може да се пристапи преку „лизгање надесно“ на прозорецот за разговор и се одбира копчето „прати пари“. Повеќе за новата опција на Skype може да прочитате на следниот линк.