Треба да се придржувате до едноставни правила со кои сите ваши гаџети, од таблет уреди па се до смартфони, ќе траат и работат подолго.
1-Вашиот уред нема да претрпи штета ако го оставите споен на полнач
Многу корисници тврдат дека полнењето на батериите до полн капацитет е штетно и тоа е вистина доколку имате прастари батерии стари повеќе од шест години. Вашиот уред, односно неговата батерија функционира на принцип на бројот на полнење, што значи дека без страв можете да го оставите вклучен на полнач преку ноќ.
2-Избегнување на прегревањето
Колку и да ви зборувале за опасностите на преносните уреди, не постои поголема од прегревањето (му конкурираат единствено гравитацијата и водата). Држете го својот телефон подалеку од сонце и извори на топлина. Зголемената температура го забрзува празнењето на батеријата и во некои случаи може да доведе до оштетување на самиот уред.
3-Користете заштитна футрола
Ова правило е еден од темелните принципи на зачувување на вашиот драгоцен уред. Размислете: ако за смартфон или таблет сте дале над 300, 400 евра или повеќе, зарем навистина сте толку штедливи да на потрошите уште 20-30 евра? Толку, имено чинат некои од најдобрите заштитни маски на пазарот и верувајте ни – чинат помалку од замената на скршениот екран. Од нашите приватни искуства можеме да ви гарантираме дека за својата добра одлука ќе се сетите секој пат кога вашиот оклопен Samsung Galaxy радосно ќе отскокне од ќерамичките плочи или ќе ви падне од џебот за време на возењето со велосипед.
Поврзани артикли