Светската побарувачка на смартфони се искачи на 347 милиони единици во вториот квартал на 2017-тa година, што е за 4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Тоа го прави најсилното второ тримесечје.
Како што покажува и графикот на денот, растечкиот азиски пазар води во растот на побарувачката со 13% раст на годишна основа, следен од Централна и Источна Европа со 11% и Латинска Америка со 10%. Пазарната вредност се зголеми за 9% на годишна основа заради зголемената просечна продажна цена (ASP), покажуваат податоците на „GfK“.
И покрај слабиот раст од 0,4 отсто на најголемиот единечен пазар останува Кина. Продажбата на 110,1 милиони смартфони ги надминува оние во Северна Америка, Западна Европа и Латинска Америка, земени заедно.
Новосоздадените азиските пазари остварија најголем раст и во вредноста на продажбата, а зголемувањето е од 30 отсто до 10,3 милијарди долари за кварталот. Иако падови во приходите има во Западна Европа (-1%) и на Блискиот Исток и Африка (-7%). Глобалната вредност на продажбата расте со 9 отсто до 109,2 милијарди долари.
Поврзани артикли